wordpress counter

MAMA’S – македонски бренд кој освојува

Ако деновиве сте посетиле некој од многуте супермаркети на Тинекс, веројатно сте забележале едно ново и мошне интересно пакување на најпознатиот македонски специјалитет – ајварот. Станува збор за брендот MAMA’S, кој го развива фирмата Тргопродукт, којa се занимава со преработка на зеленчук и овошје.

Она што ја заинтересира редакцијата на Гурман™, покрај врвниот квалитет, е навистина посебниот изглед на продуктот и вниманието кое е посветено на негова промоција. Со еден збор, бевме пријатно изненадени од тоа што некоја македонска фирма од прехранбената индустрија решила да посвети внимание на сите елементи на маркетингот.

Откако го вкусивме ајварот и се воодушевивме од рецептот на Марија, по кој е направен специјалитетот, малку повеќе го истраживме појавувањето на овој бренд и уште повеќе се воодушевивме.

Иако станува збор за традиционален производ, неговата промоција и продажба е далеку од тоа. MAMA’S има своја веб-страна со одличен дизајн – http://mamasfood.mk, раскажува приказна која е мошне интересна, содржи детален опис на производството и рецепти. Покрај тоа, тимот на MAMA’S се погрижил и за одличен networking. На сајтот има блог, брендот има своја Фејсбук страница, сајтот има опција за повеќејазичност, а посетителите може да испраќаат и свои рецепти или да ги контактираат одговорните лица.

Со еден збор, секоја чест за тимот на MAMA’S, за кој веруваме дека со својата визија и ајварот на мама бргу ќе го освојат македонскиот и странските пазари.

Related Posts with Thumbnails