wordpress counter

Мармагедон на Нов Зеланд

Жителите на Нов Зеланд се очајни поради недостатокот на еден од нивните омилени намази, познат како „Marmite“. Слична состојба се има случено пред некое време и во Норвешка, кога исчезна нивниот омилен путер.

Недостатокот на овој намаз е поради привремено затворање на една од фабриките, поради што се јавил недостаток од овој производ. Станува збор за темно кафен ароматичен намаз кој се добива од квасец. Оригинално потекнува од Британија, но по ситни модификации, жителите на Нов Зеланд го прифатиле со огромно задоволство.

Дека состојбата е сериозна зборува и фактот дека се продаваат и отворени тегли од намазот преку интернет. Една од тие тегли достигнала вредност од 2.900 американски долари. Инаку, Мармагедонот би требало да трае до јули, кога фабриката ќе биде повторно отворена.

Related Posts with Thumbnails