wordpress counter

„Марс“ ќе престане да употребува вештачки бои

Производителот на омилените слатки, „Марс“ најави дека ќе ги исфрли вештачките бои кај преку 50 од своите производи. Бонбоните „М&М’s“ и „Skittles“, гумите за џвакање „Wrigley’s“ и чокладите „Snickers“ и „Twix“ од сега ќе бидат поздрави.

Сепак, за да се спроведе промената ќе бидат потребни 5 години. „Отстранувањето на вештачките бои од  толку производи е огромна задача и ќе биде потребно време и многу работа за тоа да се реализира“, вели директорот Грант Ф. Рид. Компанијата се надева дека потегот ќе предизивика промени во целата прехранбена индустрија и ќе донесе поздрави и поприродни производи. 

Related Posts with Thumbnails