wordpress counter

Откако млекоматите (машини од кои можете да купите млеко) станаа популарни и се одомаќинија во многу места во Словенија, сега на ред се и масломатите. Во Љубљана неодамна беше поставен првиот „масломат“ каде може да се наточи домашно маслиново масло.

Автоматот за масло нуди екстрадевствено маслиново масло од еден семеен имот со маслинки од Шкофја Лока, а поставен е во хипермаркетот Леклерк, во словенечкиот главен град. Резервоарот на овој уред собира околу 500 литри, а сопствениците веруваат дека продажбата ќе оди одлично. Особено бидејќи во Словенија многу се цени домашното Истарско масло.

Принципот на работа на „масломатот“ е мошне едноставен. Потребно е да уфрлите 9 евра и да притиснете едно копче. Потоа, автоматот, во оригинална амбалажа ќе ви наполни половина литар од малсиновото масло и ќе го затвори шишето. Останува вие да го земете шишето и дома да подготвите некој убав специјалитет.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во ВЕСТИ