wordpress counter

„McDonald’s“ си оди од Исланд

Менаџментот на еден од најголемите синџири на ресторани за брза храна во светот, донел одлука да ги затвори сите ресторани на Исланд. Причината е лошата финансиска состојба во која се наоѓа оваа мала островска земја.

Сите три ресторани кои се наоѓаат во главниот град Рејкјавик се затворени. Според менаџерите, водењето на таков бизнис во Исланд е мошне тешко, поради тоа што има само 300.000 жители и е многу оддалечен од остатокот на Европа.

Инаку, првиот ресторан е отворен во 1993 година. Во последните години, кога Исланд сериозно го погоди финансиската криза, цената на „Биг Мек“ сендвичот нарасна на 5,8 долари, а со последните пресметки требаше да чини повеќе од 6,4 долари, што е премногу висока цена. Покачувањето на цените е резултат на тоа што состојките се увезуваат од Германија. Продажбата одела добро, но трошоците на работење станале превисоки. На пример, килограм увезен кромид ги чинело колку шише виски. Признаваме, што е многу – многу е.

Related Posts with Thumbnails