wordpress counter

Меѓународен ден на пивото

На нас, љубителите на пивото, никогаш не ни била потребна некаква посебна причина за да уживаме во овој фантастичен пијалак. Но, мораме да признаеме дека 5-ти август е навистина посебна дата. Тоа е меѓународен ден на пивото. Станува збор за ден кога сите заедно, во пабовите, рестораните и кафетериите, уживаме во шише или две пиво.

Според организаторите на овој настан, целта е да уживаме заеднички со пријателите и со непознатите, во вкусот на пивото, да се испочитуваат сите оние кои учествуваат во неговото правење и послужување и секако да се соедини светот под знамето на пивото.

Овој настан првпат е организиран во август 2008 година. Во 2010 година биле организирани дури 102 официјални прослави, во различни делови на светот. Во 2011 година, потврдени се прославите во 20 земји во светот.

И покрај тоа што тврдиме дека сакаме пиво, што организираме пиво фест во секое село, што се фалиме дека имаме едно од најдобрите пива на светот, за жал, во Македонија ниту еден бар, кафетерија, ресторан или пиварница не се пријавила официјално за прослава на овој ден. Поблиски места во кое ќе има официјална прослава е „Aylak Bar“ во Истанбул и „The Pub“ во Солун.

За подетални информации каде ќе бидат организирани официјални прослави на меѓународниот ден на пивото можете да погледнете на веб страницата, на Фејсбук страницата или на Твитер профилот.

На веб страницата ќе пронајдете мапа на која се обележани сите места во кои ќе има официјална прослава на денот. Доколку сте во можност, посетете некое од нив и информирајте нѐ колку добро сте си поминале.

Related Posts with Thumbnails