wordpress counter

„Мекдоналдс“ има ново име

Ако се најдете овој месец во Австралија, може да ви се случи да не можете да го пронајдете „Мекдоналдс“. Имено, овој месец овие ресторани ќе го носат името „Macca’s“. Станува збор за скратено име кое Австралијанците го користат кога мислат на овој синџир ресторани.

Причината е прославата на Денот на Австралија која се организира на 26-ти јануари. Австралискиот менаџмент на компанијата е среќен поради оваа одлука, особено поради фактот дека преку 50% од жителите на Австралија го користат ова име за „Мекдоналдс“.

Ова е прв ваков чекор што го презема некоја мултинационална компанија. Старото име на ресторание ќе се врати на 4-ти февруари, по завршување на прославите.

Related Posts with Thumbnails