wordpress counter

Мекдоналдс не е повеќе најголем светски синџир на ресторани

Долго време „Мекдоналдс“ беше на светскиот трон кога станува збор за брзата храна. Но, од неодамна, тоа место ѝ припаѓа на една друга американската компанија – „Сабвеј“. Овој синџир за брза храна објави дека поседува 34.187 ресторани и тоа е за 1.200 ресторани повеќе отколку „Мекдоналдс“.

Компанијата има околу 10.000 ресторани надвор од САД, а првиот ресторан во странство го отвориле во Бахреин во 1984 година. Приходите од надвор носат преку 5 милијарди долари годишно, а приходите во САД се двојно поголеми.

„Сабвеј“ започна со работа во далечната 1965 година, кога Фред де Лука позајмил 1.000 долари од своите пријатели за да отвори сендвичарница. Денес работи во 95 земји, вклучувајќи ги и Ирак и Авганистан.

Related Posts with Thumbnails