wordpress counter

Местото на раѓање и вкусовите

ВКУСОВИ

Вашето место на раѓање, не само што го одредува дијалектот што го зборувате, туку и она што посакувате да го јадете и пиете. Научниците од Универзитетот во Нотингем сметаат дека кулинарските вкусови на луѓето се тесно поврзани со местото на раѓање и историјата на таа област.

Истражувањето кое опфатило преку 13.000 луѓе открива дека Шкотите, на пример, бараат богати и кремасти вкусови кои делуваат на задниот дел на јазикот, додека Англичаните во јужниот дел на земјата сакаат слатки вкусови. Во овој предел јаболкото е крал на вкусовите.

Според водачите на истражувањето (еден психијатар за исхрана, еден универзитетски професор по технологија на вкусови и еден врвен готвач), студијата се базира на фактот дека различни делови на јазикот одбираат различни вкусови. Предниот дел од јазикот е чувствителен на слатки, додека задниот дел на горчливи вкусови. Предниот страничен дел ги детектира киселите вкусови, а средишниот дел е одговорен за солената храна. Истражувачите дополнуваат дека вкусовите се слични со дијалектот. Како што во различни региони акцентот е различен, луѓето од различни географски предели имаат развиено појака чувствителност кон определени вкусови и бараат храна која одговара на овие потреби.

Related Posts with Thumbnails