wordpress counter

Македонската компанија „Мирана“ со iPhone апликација

МИРАНА
Категорија: Lifestyle
Објавена: 02 февруари 2012
Продавач: Kolektiv doo Skopje
Верзија: 1.0
Јазик: македонски
12.3 МB

Преземи ја апликацијата

Барања: компaтибилна со iOS 4.3 или понова верзија

Прехранбената индустрија „Мирана“ од Велес, овие денови има навистина нешто со што може да се пофали. Имено, македонската најдобра мала компанија за 2010 година на пазарот, објави iOS апликација со која настојува да ги следи новите трендови во работењето на компaниите во светот.

Со помош на оваа апликација, можете да ги дознаете сите новости за компaнијата, нивните сертификати, да го разгледате каталогот со сите производи, да контактирате со луѓето од „Мирана“ или полесно да ја пронајдете на мапата. Како еден огромен плус е можноста да се направат порачки преку апликацијата, што секако ќе го олесни работењето и на компанијата и на сите големи потрошувачи на нивните вкусни производи.

Апликацијата ја изработи „колектив™“. Мора да признаеме дека тимот изработи одличен дизајн и функционалности на апликацијата.

Нам ни останува само да кажеме едно огромно браво за „Мирана“. Имајќи ги предвид овие чекори, одличниот менаџмент тим, меѓу кои е и сопственикот Зоран Мирсинов, кој во 2010 година беше избран за менаџер на година, современите производни погони и желбата за развој, веруваме дека мошне бргу на „Мирана“ веќе нема да се гледа како на мала компанија.

Искрено им го посакуваме тоа на нив и на сите наши останати производители на храна.

Related Posts with Thumbnails