wordpress counter

Момците имаат „послатка уста”

МОМЦИТЕ ИМААТ „ПОСЛАТКА УСТА“ ОД ДЕВОЈКИТЕ

Според истражувањето кое неодамна го направија Универзитетот во Копенхаген и Центарот за научни комуникации се откри дека девојките има по префинето сетило за вкус, но дека момчињата имаат по изразено сетило за слатки и многу поголема потреба за слатки производи. На тој начин, полека се руши уште едно табу дека слатките работи ги сакаат исклучиво девојките.

Исто така, во просек, на момците им треба за 10% повеќе киселост и за 20% повеќе слатко во нивното јадење за да може да откријат каков вкус има храната.

Друга разлика е што машките преферираат по диви и по екстремни вкусови во споредба со по неутралните вкусови кои ги освојуваат женските срца.

Изненадувачки, повеќе од 30% од испитаниците преферираат сокови без шеќер.

Студијата покажува и дека најголемата промена во вкусовите се случува на возраст помеѓу 13 и 14 години, кога децата полека стануваат осетливи на киселиот вкус а нивната огромна љубов кон слатките работи полека почнува да се намалува.

Related Posts with Thumbnails