wordpress counter

Музичко мени

Прашањето дали со одлично приготвена паста оди лесна џез музика или некој друг жанр на музика, наскоро би можело да добие свој одговор. Имено, некои од најголемите имиња на светската прехранбена индустрија активно ја истражуваат интеракцијата помеѓу сетилото за вкус и звучните, односно слушните сигнали.

Досега е откриено дека со порастот на нивото на бучава опаѓа чувството за слатко и солено, како и крцкавоста на храната. Новите истражувања спроведени на 50 студенти од Универзитетот Манчестер покажуваат дека храната била повкусна кога во позадина свирела музика која повеќе им се допаѓала.

Овој мултисензорски пристап кон исхраната би можел да има револуционерен значење. Најверојано, во блиска иднина, покрај изборот на јадење од менито ќе можеме да одбереме и соодветен музички албум за тој вид на храна.

Related Posts with Thumbnails