wordpress counter

Нахранете го вашето стапало

Дали некогаш сте виделе патики кои изгледаат посвежо од овие?

ADIDAS

Адидас реши да го освежи дизајнот на својата некогашна икона помеѓу патиките. Имено, направен е нов makeup на еден од најуспешните модели во историјата на Адидас од средината на 80-те години. Во овој смел чекор на германскиот производител искористени се две овошја и нивните привлечни бои: лубеница и тиква. Дизајнерите одлично си ја завршиле својата работа со оглед на фактот дека автентичноста на овие две овошја целосно е пресликана на патиките. Од горниот дел на патиките, чии бои се упадливи и блескави, преку врвките кои се срцето на овие два плода, јазикот на патиката кој е визуелизација на лубеница и тиква, преку внимавањето на секој детал, како што се семките од лубеницата кои ќе ги пронајдете на самиот ѓон (за жал моделите не се испорачуваат без семки).

Доволен е еден поглед да ве потсети на свежо избраната инспирација, одличниот микс на светли и темни тонови, перфектен избор за пар кој е навистина уникатен. И на сето тоа – логото на Адидас. Што може повеќе да посакате? А, да… и една мала формалност – цената им е окoлу 6000 денари.

ADIDAS

Related Posts with Thumbnails