wordpress counter

Најдобрите готвачи на балканот

ТОМИСЛАВ ХРУБАН - ЗЛАТЕН ГОТВАЧ НА БАЛКАНОТНаградата „Златен готвач на Балканот“, на неодамна завршеното меѓународно натпреварување во Белград, го освои хрватот Томислав Хрубан. Во конкуренција на готвачи од 11 земји, Хрубан, кој е готвач во загрепскиот хотел Westin, според критериумите на стручното жири ја заслужи првата награда. Ова е втора награда за 27-годишниот готвач, со оглед дека претходно победи на хрватскиот кулинарски куп. Во Експо центарот во Белград, тој подготви предјадење, главно јадење и десерт за 90 минути. Комбинацијата од бои, вкус, хигиена, брзина и убавина на подготовка и сервирање беа критериумите кои најдобро ги исполни Хрубан.

Во категоријата млади готвачи, победи младиот 21-годишен белграѓанец Милош Тијаниќ. Тој освои вкупно 96 поени за три типа на тортелини со различни сосови. Оценувањето го вршеа најголемите светски готвачи. Смета дека мажите се подобри готвачи, бидејќи жените се плашат да не го погрешат јадењето, па затоа не се релаксирани додека готват и резултатот не е најдобар. Научил да готви во ресторанот на неговиот татко, а веќе има славни гости кои ги сакаат неговите јадења, како сопругата на Џинџиќ и директор на една од најголемите српски банки.

Related Posts with Thumbnails