wordpress counter

Најдобрите Хрватски вина

НАГРАДА DECANTER ЗА НАЈДОБРИТЕ ХРВАТСКИ ВИНА

Веруваме дека голем број од вас ќе заминат на одмор во Хрватска. Затоа, еве неколку корисни информации кога ќе се двоумите кое вино да го нарачате за време на ручекот или вечерата.

На манифестацијата Decanter World Wine Awards, која ја организира винскиот магазин Decanter, земаа учество преку 2.200 производители со 10.285 вина. Хрватски вина однесоа 8 златни, 5 сребрени и 11 бронзени медали.

Доколку сакате да пиете одлично вино за време на вашиот одмор, тогаш одберете помеѓу Грашевина на Бадел, Pinot Sivi, Couvre и Рајнски ризлинг на Бодрен, Траминец на Илочкиот подрум и Зеленац Кутјево.

Од освојувачите на сребрените медали, Златан Плавац Barrique, Златан пошип Макарска и Краутакер Pinot Sivi. Риечката Агролагуна ви ги нуди Cabernet Sauvignon Festigia и Merlot Festigia, единствените црвени вина кои добија награда.

Ако преферирате помали винарии, одлични вина прават Bibich (сопственост на млад дубровнички ентузијаст), Бодрен 9 (редовен добитник на награди) и најнаградуваниот славонски винар Владо Крутакер.

Related Posts with Thumbnails