wordpress counter

Најмоќниот афродизијак

Подоготвките за денот на вљубените Св. Валентин се во полн ек. Претприемачите низ целиот свет смислуваат мошне креативни начини за да ги продадат своите производи. Таков е случајот и со господинот Џони Гинда од Глазгов во Шкотска.

Тој е сопственик на ресторан кој осмислил јадење кое ќе се промовира на денот на празникот, а потоа ќе стане дел од редовната понуда. Јадењето се вика Накодари и е средно луто јадење, кое се подготвува од шкампи и чоколадно кари. Се сервира со леб од јагоди и чоколадо и чини 1.200 денари.

Токму поради комбинацијата од два моќни афродизијаци (чоколадо и кари), сопственикот верува дека ова јадење е одличен избор за празникот на вљубените.

Инаку, рецептот (кој се чува како голема тајна) прв го приготвил прадедедото на Гинда, кој по потекло е индиец. Она што се знае е дека користат темно чоколадо кое има преку 80% какао. Доколку сакате да го откриете рецептот, ќе мора добро да го потплатите главниот готвач кој е единствен што го знае рецептот, покрај сопственикот.

Related Posts with Thumbnails