wordpress counter

Најодвратните јадења на светот

НАЈОДВРАТНИТЕ ЈАДЕЊА НА СВЕТОТ

Во едно истражување, во кое учествуваа повеќе од 75.000 испитаници, а кои беа запрашани која е најодвратната храна или продукт кои ги вкусиле, следниве 5 гордо го запоседнаа врвот:

1 ОСТРИГИ
Една од ретките работи кои може да ги џвакате бесконечно и повторно да е цела. Се приготвуваат на разни начини, а оние похрабрите ги јадат живи со табаско сос. Искрено, не ви препорачуваме да преземете таков чекор.

2 СУПА ОД ГРАШОК
Ако не ја јадете додека е топла за кратко време создава дебел, набрчкан масен слој на самата површина и потоа веќе не е за човечка употреба.

3 ЛЕЌА
Едно од ретките јадења кое ќе ве остави изненадени, но во негативно значење на зборот. Брашнестиот вкус надополнет со немање имагинација во подготовката е навистина разочарувачко.

4 ЖИВИ ЈАЈЦА
Од тоа колку имаат холестерол, па сѐ до ужасно лигавиот вкус, едноставно не постои ниту еден пофален збор за овој продукт.

5 ЏИГЕР
Избран е поради ужасниот мирис што го шири за време на приготвувањето, како и за лошите асоцијации што ги раѓа за време на консумирањето.

Related Posts with Thumbnails