wordpress counter

Најскапите чоколади на светот

DeLaFèe ЧОКОЛАДОИако кај нас, мошне често, се користи народната поговорка “Не е злато сè што сјае”, во случајот на DeLaFèe чоколадото навистина станува збор за злато. Овој производител на несекојдневни и необични луксузни подароци ги комбинира највкусното и најсензуалното задоволство на светот: најфиното швајцарско чоколадо и злато кое може да се јаде. И тоа 24 каратно злато.

Ова чоколадо е страсен напад на сите човечки сетила. Перфектна мешавина на најдобри чоколади и чоколадни златни ливчиња ви носат пријатно и уникатно искуство.

Пакувано е во луксузна кутија со 8 парчиња со големина на прст и рачно нанесено злато кое може да се јаде. Изгледa како златно-кафена снегулка, која сјае на небото на швајцарските пралине чоколади. Освен естетски, тоа е симбол и на успех, убавина и вечност.

Цената му е околу 20.000 денари за половина килограм.

Освен чоколади, во DeLaFèe ќе пронајдете и златни цигари, шампањ, чај и лижавчиња.

Related Posts with Thumbnails