wordpress counter

Најсмрдливиот кашкавал

ИЗБРАН НАЈСМРДЛИВИОТ КАШКАВАЛ„Смрдливиот бискуп“ и официјално е избран за најсмрдливиот кашкавал во Британија, на првиот натпревар од ваков тип кој се одржа во Сомерсет. За овој кашкавал, кој го произвеле во „Мартел и синовите“, било кажано дека мириса на соблекувална на рагби тим после жесток натпревар.

Инаку, жирито го сочинувале различни профили. Од новинари кои пишуваат за храна, преку производители на парфеми, па сѐ до 11 годишни ученици поради нивното изострено сетило за мирис.

Според официјалните лица на натпреварот, ова било одлична можност да се прикаже креативноста на британските кашкавалџии, а гордиот создавач на победникот се надева дека по ова многу повеќе Британци ќе уживаат во смрдливите сирења кои на островот ги има дури и повеќе отколку во Франција.

Од нас само едно Bon appetit!

Related Posts with Thumbnails