wordpress counter

НАСА подготвува мени за мисијата на Марс во 2030 година

Во лавиринтите на една од зградите на НАСА, група на научници мешаат, комбинираат, мерат и дегустираат, со цел да го приготват менито за мисијата на Марс која треба да се случи за 20-тина години.

Менито се однесува на 6-8 астронаути и треба да ги чува среќни и здрави во текот на мисијата. Секако, ова не е воопшто лесна задача со оглед што патувањето до Црвената планета трае половина година, а престојот ќе биде 1.5 година. Или вкупно – 2.5 години.

Со оглед дека на Марс има многу малку гравитација, мора да се прават измени во самото мени. Најверојатно, астронаутите ќе мора и сами да готват. Според експертите, иако има разлики во притисокот, тие сметаат дека ќе биде возможно да се свари вода.

Покрај тоа, ќе мора да имаат и своја градина. Зеленчукот и овошјето, наместо во почва, ќе бидат засадени во вода со минерали. Ќе ги комбинираат овие плодови со јаткасти плодови и зачини кои ќе ги носат од Земјата.

Главната задача е со ова мени да се сочува физичкото и психолошкото здравје на астронаутите. Тие ќе имаат и книга готвач со преку 100 вегетаријански рецепти, со оглед дека нема да имаат на располагање месо и млечни производи.

Според извори од НАСА, на истражување и приготвување на менито за Марс се трошат околу 1 милион долари годишно.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Време е за цвекло!

Цвеклото може да се јаде во секој дел од годината, но, некако токму во текот на есента започнуваме пообилно да...

Close