wordpress counter

Нема повеќе да се изгорите од жешко кафе или пица

Универзитетот од Остин, Тексас дизајнираше орална лента која моментално ја ублажува болката од жешка храна или пијалаци. Значи, повеќе не мора да чекате да се излади некоја храна или чајот и кафето кои сакате да ги испиете.

Лентата се става веднаш на местото каде што сте се изгореле. Таа содржи супстанции кои веднаш ја намалуваат болката. Лентата се раствора бргу, под влијание на вашата плунка.

Оваа иновација ќе биде презентирана на овогодинешната средба на американската асоцијација на фармацевти. Во моментов, истражувачите работат на иновација на ленти кои ќе третираат многу потешки изгореници отколку што се оние од храна и пијалаци.

Related Posts with Thumbnails