wordpress counter

Швајцарскиот гигант во производство на храна, Нестле, постојано одговара на потребите на потрошувачите и ги следи трендовите. Таков е случајот и со еден од нивните последни производи — кафето со колаген. Токму овој тип на производи, збогатени со состојки на кои им се припишува козметичко делување ги освојуваат светски пазари.

Кога е во прашање кафето со колаген, тука во предност се источните земји. Нивната древна филозофија на користење на природата во одржување на убавината, го поттикнаа Нестле да го лансира овој прозивод кој содржи протеин со сврзно ткиво кој обезбедува цврстина на кожата. Инаку, ова кафе е дел од колекцијата „убавина од внатре“, која опфаќа и кафиња кои содржат високо ниво на млеко со калциум или женшен — состојка која го зголемува либидото.

До каде оди посветеноста на источните земји кон ова прашање, зборува и податокот дека некои ресторани нудат вечера со стручна дератолошка консултација. Можеби затоа овие производи на Нестле, сега засега, може да се најдат само во Сингапур.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во ВЕСТИ