wordpress counter

Нешто посебно: Чоколадо со вино

Кога ќе споите два деликатесни производи, резултатот мора да биде нешто навистина вкусно. Токму тоа им успеа на бутикот за слатки на Пол A. Јанг и познатиот винар Марк Хелијар.

Ова ремек дело е направено од 64% темно чоколадо Madagascan Grand Cru, кое беше оплеменето со виното со овошни ноти од 2006 година Chateau Civrac. Ова вино се произведува во Cotes de Bourg, во Бордо.

Чоколадото е во облик на грозд и се продава во двата лондонски бутици за слатки Пол A. Јанг. Во меѓувреме, овој експерт за чоколади веќе најави и нова соработка. Овој пат станува збор за чоколади со вкус на различни видови чај со the Rare Tea Company. Комбинацијата на овие два производители ветува уште еден посебен производ кој ќе го милува нашето сетило за вкус.

Related Posts with Thumbnails