wordpress counter

Нестле Адратик и Виталија во обука на основците

Нестле Адриатик, во соработка со Хрватскиот школски спортски сојуз, спореведоа проект кој се нарече „Вртам здрав филм“. Целта на проектот е да се едуцираат учениците од основните училишта за здравите животни навики, со фокус на правилната исхрана и важноста на физичката активност.

Интересно е дека во текот на проектот се спореведени две анкети – една пред и една по настанот. Резултатите покажале дека 55% од учениците како главен оброк во училиште имаат грицки или сендвичи и исто толкав процент се занимава со некоја физичка активност. Покрај тоа, поразителни се податоците дека половина од децата не знаеле да ги наведат основните групи на продуктите. Неверојатни 85% не знаеле дека енергија се наоѓа во шеќерите, мастите и протеините.

Анкетата, по завршувањето на „Вртам здрав филм“, покажа дека нивното основно познавање на исхраната пораснало за 10%. На тој начин, акцијата се покажа како успешна и поттикна на размислување за прашањета кои ни се многу битни.

Некаде во исто време и „Виталија“ презема слична акција во ОУ „Коле Неделковски“ во Скопје. Младите деца од училиштето ја посетија „Виталија“, каде се запознаа со значењето на здравиот начин на исхрана. Покрај тоа, учениците имаа можност да се запознаат и со процесот на производство.

Оваа акција е во организација на компанијата и здружението на педијатри на Македонија. Целта е едукација на децата од предучилишна и училишна возраст за важноста од здравиот оброк.

Related Posts with Thumbnails