wordpress counter

Неверојатна кражба на компири во Хрватска

Кражбите се дел од нашето секојдневие. На удар на крадците најчесто се банки, бензински пумпи, продавници со скапа гардероба. Но, верувале или не, на ред за крадење дојдоа и нивите со компири.

Овој несекојдневен настан се случил во Хрватска, блиску до градот Вараждин. Непознат крадец украл повеќе од 1.500 килограми компири од една нива. Лицето, чиј идентитет сѐ уште не им е познат на органите на редот, трпеливо и вешто копал цела недела за да дојде до пленот.

Станува збор за, ни повеќе ни помалку, туку нива од 600 квадратни метри. Крадецот не застанал, сѐ додека не го собрал и последниот компир. Веруваме дека ова дефинитивно е најбизарната кражба која сме ја слушнале досега. Останува да видиме што ќе каже крадецот кога ќе го фатат. Дали станува збор за голем вљубеник во овој зеленчук или станува збор исклучиво за работлив крадец, кој не сака без работа да дојде до заработувачка.

Интересно е дека во овој период зачестиле кражбите по нивите во Хрватска. Мајка и син украле повторно компири (само 80 килограми), додека некој „случаен минувач“ собрал повеќе од 100 килограми лешници, со што направил штета од околу 60.000 денари.

Related Posts with Thumbnails