wordpress counter

Нездравата храна ќе добие етикети какви што имаат цигарите?

Асоцијацијата на лекари од Онтарио претстави неколку тест амбалажи за храна со етикети со застрашувачка содржина. Целта на овие етикети е да се информираат граѓаните за штетноста од некои видови храна и преку тоа да се влезе во борба со прекумерната тежина.

На некои од етикетите има навистина застрашувачки фотографии. На пример, на пакување од пица треба да има замастен црн дроб, додека на тетрапак пакување за сок се наоѓа фотографија од детско стапало со отворена рана.

Лекарите предложиле и други мерки за борба како што се повисок данок на нездрава храна, понизок данок на здрави производи, поставување на здравствени предупредувања во продавниците за храна, ограничување на рекламите во продавници во кои влегуваат деца.

Како што е случај и со тутунската индустрија, претставниците на производителите на храна на Канада се спротивставија на идејата. Потпретседателката на организацијата изјави: „Мислам дека е шокантно храната да се споредува со тутун. Тие сакаат да ги демонизираат одредени продукти и храна, наместо да заборуваат за врамнотежена исхрана која е најважна за здравјето.“

Related Posts with Thumbnails