wordpress counter

Нишлијка готвела на кралски приеми

Јелисавета Станковиќ од Ниш, Србија е веројатно најпознатата српска готвачка. Оваа 31-годишна девојка била дел од тимот на готвачи во лондонскиот хотел „Клериџис“, кој организира кралски приеми, но и ги нагостува сите светски ѕвезди кога гостуваат во англискиот главен град.

На тој начин, Станковиќ имала можност да готви за Анџелина Џоли, Шерон Стоун, Бред Пит и многу други. Јелисавета заминала на дошколување во Лондон, со оглед дека во Белград учела на Факултетот за хотелиерство. Кога готвела, не знаела точно за кого приготвува храна, сè додека не си заминувале гостите. Со ѕвездите не се среќавала лично. Еднаш ја приготвувала и вечерата за Роман Абрамович.

Сега, Станковиќ се вратила во родниот Ниш, каде планира да отвори сопствен ресторан во кој гостите ќе уживаат во јадењата кои ги консумирале славните личности.

Related Posts with Thumbnails