wordpress counter

Нов „Heinz“ со оцет балсамико

Откако „Heinz“ првин го смени своето пакување, сега лансира и нов производ – кечап со оцет балсамико. Ова претставува прва нова кечап варијанта на „Heinz“, по речиси цела една декада. Интересно е дека луѓето од „Heinz“ овојпат решија да не одат со огромна рекламна кампања, туку ќе ги користат социјалните мрежи.

За љубителите на овој бренд,  кечапот ќе биде достапен во продажба на нивната страница на Фејсбук, започнувајќи од 14-ти ноември, додека во супермаркетите ќе се најде кон крајот на декември. Оваа компанија за прв пат реши својот производ да го продава преку социјална мрежа. Со оглед на многубројните фанови, тоа веројатно ќе претставува одличен маркетиншки чекор.

Што се однесува до самиот производ, неговиот вкус е многу сличен на основниот Heinz“  кечап, но е значително збогатен со сладок и ароматичен шмек. Од Heinz“  сметаат дека ова ќе биде многу успешен производ и дури веруваат дека со него кечапот конечно ќе влезе и ќе стане дел и од италијанската кујна. Новиот кечап ќе чини 2.75 долари плус 2 долари за достава, доколку го нарачате од Фејсбук.

Related Posts with Thumbnails