wordpress counter

Нов ланец на продавници на „Старбакс“

Во светските бизнис трендови, веќе подолго време, продавањето на „здрав начин на живот“ е многу успешно и прифатено од страна на купувачите. Дури, може да се каже дека речиси е невозможно бизнисот, доколку е ориентиран кон здравиот животен стил, да не биде успешен.

Веројатно и светскиот синџир кафетерии „Старбакс“ го зеде тоа предвид. Имено, покрај редовната работа која се однесува на кафето, објави дека планира да отвори нов синџир на продавници кои ќе бидат посветени исклучиво на здравјето и здравиот начин на живеење.

Овие продавници главно ќе продаваат природни сокови и слични пијалаци на природна база, а како дополнение на асортиманот ќе има и јога душеци, хербални лекови и слични производи. Според плановите на менаџментот на „Старбакс“, овој тип на продавници ќе започне со работа во 2012-та година, а во него ќе бидат вложени околу 30 милиони долари.

Related Posts with Thumbnails