wordpress counter

Нов начин на намалување на тежината

ВАГАОткритието на таканаречените “кафени масти” во организмот на човекот би можело да се искористи за поефикасно третирање на дебелината. За разлика од препознатливите “бели масти”, кои го складираат вишокот на енергија, “кафените масти” го спалуваат вишокот енергија и создаваат топлина од него. Истражувачите на овој феномен долги години работат на откривање на мистеријата на постоење посебен тип масти кои може да се искористат за забрзување на метаболизмот и да го потпомогнат процесто на намалување на тежината.

Интересно е дека присуството на овие масти е поголемо кај новороденчињата, со оглед дека им е потребно регулирање на температурата, додека кај возрасните се верува ги има во многу мали количини.

Брус Шпигелман од Харвард и Дана Фарбер од Институтот за малигни заболувања од САД, дојдоа до едно многу интересно откритие. Имено, кафените и белите масти имаат различни потекло, односно кафените масти потекнуваат од мускулите. Според нив, доколку нашето тело произведува повеќе т.н. кафени масти ние би биле послаби и би биле поотпорни на дебелината.

Останува да чекаме овие истражувачи да ја најдат спасоносната формула и да не израдуваат сите нас кои имаме проблеми со телесната тежина.

Related Posts with Thumbnails