wordpress counter

Нов погон на Випро

Првиот приватен преработувачки капацитет за овошје и зеленчук од Гевгелија, Випро, отвора нов погон на југот на Македонија. Станува збор за површина од преку 10.000 метри квадратни, во кои ќе бидат сместени нови производни линии за да одговорат на зголемената побарувачка за производите на Випро.

Според сопственикот Виктор Петков, вредноста на инвестицијата е неколку стотици илјади евра и се остварува со помош на Грчкиот фонд за инвестирање на Балканот.

Досега е реализирано 70% од инвестцијата. Останува уште да се финализира трансформацијата на општественото земјиште во приватно. Тоа е една од најголемите болки на македонската економија. Трансфорамцијата оди споро, испреплетени се бројни недоразбирања и спорови. Иако, има најави од Владата за институционално решавање на ова прашање.

Related Posts with Thumbnails