wordpress counter

Нов производ на Бимилк: Вива-имуноформула

Вива-имуноформула е функционален ферментиран млечен производ, комбинација од пробиотик и инулин, состојки кои делуваат позитивнo на нашето здравје. Пробиотикот го подобрува имунитетот, овозможува подобро искористување на минералите и спречува појава на остеопороза, што е особено важно за жените.

Од друга страна, инулинот е диететско влакно од природно потекло, кое овозможува подобро населување на пробиотските култури во цревата и со тоа помага во искористување на корисните состојки од храната.

Вива-имуноформулата е освежителен, лесен за пиење ферментиран млечен напиток, наменет за сите генерации. Јогурт кој ја зголемува отпорноста на организмот и го подобрува имунитетот. Една чаша дневно ја обезбедува целокупната дневна количина на пробиотици во цревата.

На тој начин, БиМилк го збогатува својот асортиман на пробиотски производи што е секако за пофалба. Особено што грижата за нашето здравје ја води заедно со нас.

Related Posts with Thumbnails