wordpress counter

Нова сорта на јаболка

Новата сорта на јаболка, позната под името Redlove Era, ни доаѓа од Велика Британија. Посебна карактеристика на овој плод е црвеното месо на плодот.

Но, покрај необичниот изглед, оваа сорта има и други посебни епитети. Според оние кои веќе ја пробале, вкусот е остар, сладок и бобинкаст. Одлична е за варење, сокови и салати, особено бидејќи црвеното месо не потемнува.

Иако, повеќето од нас ќе помислат дека станува збор за генетски инжинеринг, сепак станува збор за старомодно вкрстување и оплеменување извршено во последниве две децении. Човекот кој е најзаслужен за ова ново овошје е швајцарскиот овоштар Маркус Кобелт.

Related Posts with Thumbnails