wordpress counter

Нова тапа – ново чувство

НОВА ТАПА

Деновиве, во Париз, беше најавена нова технологија и нов вид тапа за шишињата шампањ. Таканаречената „Маестро тапа“ е направена од алуминиум и пластика и има мал златен лост. И понатаму ќе постои карактеристичниот звук на пукање при отворањето и шампањот ќе пени, но со една разлика. Повеќе нема да има тапа која лета неконтролирано низ просторот и знае благо да ве зашемети ако ве погоди во главата.

Alcan Packaging потрошиле 3 години и околу милион евра во истражување на маестро тапата. Според нив, таа е наменета за „едноставно и мирољубиво” отворање на шампањот, додавајќи дека ова ќе биде особено од полза за авионските линии, рестораните и жените. За мажите кои имаат вишок агресивност и понатаму им останува можност да го сечат шишето со сабја, а жените кои се чувствуваат мажествено ќе мора да си бараат друга забава.

Оние што се против оваа иновација, сметаат дека пиењето на овој пијалак не е секојдневна навика и се однесува на специјални прилики, па затоа би требало да остане старата тапа со која постојано беа во опасност порцеланот или нечие око и тоа раѓаше посебно задоволство. Велат дека на тој начин се губи една од трите основни карактеристики на шампањот – летањето на тапата. Остануваат уште две – пукањето и пената. Да се надеваме дека овие две ќе преживеат.

Related Posts with Thumbnails