wordpress counter

Новата љубов на Џеј Зи

НОВАТА ЉУБОВ НА ЏЕЈ ЗИНа сите ни е добро познато каква суштинска улога и значење има шампањот во животот на славните. Но, да го оставиме тој социјален феномен за некој друг пат. Вестта која одекна како бомба вели дека Џеј Зи ќе го бојкотира неговото омилено пенливо вино Cristal поради расна клевета. Секако дека оваа изјава, покрај весниците и порталите, најмногу ги возбуди елитните француски производители на шампањ. Буквално им го сопре здивот. Клучното прашање беше кој проиводител ќе ја добие довербата на еден од најголемите вљубеници на овој пијалок.

А одговорот беше нешто што никој не го очекуваше. Станува збор за малку познатиот, ако е воопшто можно да се употреби ваков збор – Armand de Brignac. Велиме малку познатиот со оглед на фактот дека првпат се појавува пред само 36 месеци. Но, од појавувањето го следи неверојатен успех, на кој круна ќе му даде токму изборот на Зи.

Ова златно-метално шише Armand de Brignac е украсено со голема етикета од калај во форма на единица лист – најјаката карта во шпилот и се продава по цена од 17.500 денари.

Така, ова вино влезе во редот на врвни светски производители кои се борат да заземат дел од 600 милиони долари големиот пазар, составен од поднапиени руски технократи, ликови кои се влезени во мафијашки филмови и славни личности. Овој шампањ им излегува во пресрет со неговата посебност, со вниманието што го привлекува и секако со високата цена.

Related Posts with Thumbnails