wordpress counter

Нови житни плочки од „Виталија“

Виталија“ не престанува позитивно да нѐ изненадува. Овој пат, можеме да уживаме во новите житни плочки од портокал со прелив од чоколадо, како и плочки од црвени овошја и прелив од јогурт. На овој начин, „Виталија“ ја збогатува својата и онака голема понуда на здрави и хранливи продукти.

Антиоксидант житната плочка е микс од крцкави житарки и портокал забогатен со витамин А, Ц и Е, делумно прелиен со темно чоколадо. Станува збор за идеална слатка закуска која овозможува природен баланс. Плочката со црвени овошја е збогатена со витамин Б и прелив од јогурт надополнет со калциум.

Овие два производа се дел од асортиманот на „Виталија“, кој опфаќа повеќе од 200 производи. Покрај во Македонија, дел од производството е наменето за пазарите во САД, Канада, Австралија и Африка. Оваа македонска компанија ги поседува сите сертификати за производство на безбедна храна.

Related Posts with Thumbnails