wordpress counter

Ново пакување на „Вегета“

Најпознатиот сув зачин од просторот на поранешна Југославија, „Вегета“ понуди ново, модерно, лесно и практично пакување. Станува збор за пластично пакување од 200 гр. Лесниот материјал и ергономскиот облик на пакувањето гарантира лесно користење во кујната.

Друга карактеристика е што ова пакување можете да го искористите и за посипување, но и да ставите „Вегета“ со помош на лажица. Под капачето се наоѓа тенка фолија која го штити производот од воздух и влага. По првото отворање, фолијата се отстранува.

Се надеваме дека веселото и оригинално пакување лесно ќе го пронајдете на рафтовите на нашите супермаркети. Интересно е дека токму потрошувачите ги одбраа и дефинираа основните карактеристики на пакувањето. 

Related Posts with Thumbnails