wordpress counter

Обама го откачи Саркози

ОБАМА ГО ОТКАЧИ САРКОЗИПретседателот и правата дама на САД ја одбија поканата на Саркози и Карла Бруни за заедничка вечера на врвот на Ајфеловата кула, што предизвика лавина од реакции во европскиот печат.

На Барак и Мишел повеќе им годела интимна атмосфера отколку да бидат дел од џет сетот на кој припаѓа овој најпопуларен француски пар и имале пријатна вечера во бистрото „La Fontaine de Mars“. На вечерата присуствувала нивната ќерка Малиа и уште двајца гости.

Инаку, ова бистро е познато по кантри стилот, пристојните цени и едноставните оброци од регионалните кујни на Бордо и Баскија. Основан е во 1908 година и се смета за еден од најубавите ресторани, кој шири пријатна фамилијарна атмосфера.

Што се однесува до оброкот, Барак одбрал печено јагнешко месо, додека останатите се решиле за филети од говедско месо.

Related Posts with Thumbnails