wordpress counter

Ориз со човечки гени

И покрај силните негодувања, Министерството за земјоделство на САД даде одобрение за насади на генетски модифициран ориз кој ќе содржи и протеини од мајчино млеко.

Овој ориз создава лизозим, лактоферин и албумин. Сите три протеини може да се пронајдат во мајчиното млеко. Лизозимот и лактоферинот делуваат антибактериски, а производителот наведува дека од оризот ќе прави пијалаци кои лекуваат дијареа која е мошне честа кај малите деца.

Сепак, до појава на ваков производ на пазарот, потребно е да се исполнат голем број услови и да се добијат дополнителни одобренија. Интересно е дека американското министерство примило преку 20.000 писмени коментари за гентески модифицираниот ориз, од кои само 29 се позитивни.

Related Posts with Thumbnails