wordpress counter

Откриена е најстарата винарија!

Според последните архелошки испитувања, виното се пие повеќе од 6.000 години. Првата винарија во светот најверојатно постоела во Ерменија, во пештерите сместени во ерменската покраина Вајтос Џор, близу границата со Иран и Турција. Во тој регион и ден денес се произведуваат квалитетни „Мерлот“ и „Каберне“.

Интересно е дека, според пишувањето на „Journal of Archaeological Science “, во пештерата е пронајдена комплетна опрема за производство на вино која е стара 6.100 години.

Помеѓу пронајдените предмети има и семки од грозје, остатоци од пресувано грозје, суви изданоци од винова лоза, примитивна преса, глинена бочва која најверојатно се користела за алкохолно вриење, земјeни садови во кои се чувало виното. Дури пронајдени се и шолји во кои се точело виното.

Сега сме сигурни дека дури и нашите предци кои, технолошки гледано биле далеку позаостанати од нас, се потрудиле да научат да го прават и да уживаат во овој пијалак без кој ниту една храна не може да биде комплетно задоволство.

Related Posts with Thumbnails