wordpress counter

Откриена тајната на лукот

ОТКРИЕНА ТАЈНАТА НА ЛУКОТ

Пред неколку дена, една британска компанија ни го сервираше т.н. црн лук. Станува збор за бел лук кој е зреен под строго утврдени правила и услови. Освен топлина и време ништо друго не му е додадено на овој зеленчук. Вкусот и текстурата потсетуваат на меласа, смоква и суво грозје со суптилен сладок тон.

Процесот на зреење го отстранува мирисот, кој останува ваш верен пријател само кога го консумирате обичниот бел лук. На тој начин, сега ќе можеме да консумираме лук без да се плашиме дали некој од колегите или пријателите ќе забележи дека сме имале пријатни мигови со овој продукт. Како дополнување на овие предности, црниот лук содржи двапати повеќе антиоксиданси во споредба со обичниот лук.

Може да се користи при подготовка на ужина директно од туба, да ја зачини даската која сте ја подготвиле со маслинки, сушени домати на сонце, сирење, месо и крцкаво лепче или едноставно да готвите со него.

Според производителот, на располагање ќе имаме голем избор од овој производ: како главица, паста, лупен лук, во прав или како сок. Буквално за сите вкусови.

Related Posts with Thumbnails