wordpress counter

Отровната риба Фугу

Најпознатата јапонска риба Фугу е позната по специјалитетот суши, кој ако е добро подготвен ќе ве однесе во рајот на вкусовите, а во спротивно, доколку готвачот згреши, може да дознаете што има ново во пеколот. Овој специјалитет, кој jапонците го обожуваат со векови, се подготвува многу внимателно поради отровот тетрадотоксин кој го поседува рибата.

Доколку готвачот погреши и со ножот засече погрешен дел од рибата, отровот ќе заврши во нашата порција суши. Станува збор за мошне опасен отров кој нема мирис и вкус и тешко се открива. Но, делувањето ќе го откриете моментално. Се одзема мускулната способност, мозокот работи совршено, но откажуваат белите дробови. На тој начин, секој што го внел отровот е свесен за своето умирање.

Она што е интересно за нас е дека јапонската компанија Оптима тврди дека успеала да одгледа Фугу која го нема отровот во себе. На тој начин, сега дури и јапонскиот цар ќе може да јаде суши, со оглед дека досега тоа задоволство му беше стриктно забрането.

Related Posts with Thumbnails