wordpress counter

Отсега ќе знаеме каков леб јадеме

Веќе со децении се прашуваме каков леб јадеме во Македонија. Според мелничарите, 85%-90% од брашното во малопродажбата било со декларација која не соодвејствува на составот. Зошто е тоа така, би требало да одговорат надлежните служби. Потрошувачите и онака никој никогаш не ги ни прашувал.

За среќа, минатиот месец, стапи на сила новиот Правилник за квалитет на брашното. Со него, се опфатени сите карактеристики на брашното: физички, хемиски, здравствени и технолошки. Правилникот се однесува и на домашното и на увезеното брашно.

На тој начин, според мелничко-пекарската индустрија, ќе се регулира пазарот на жито и во целост ќе се заштитат потрошувачите, со тоа што сите неправилности ќе бидат строго санкционирани. Санкции треба да очекуваат особено млиновите во земјава кои воопшто не работат според ХАСАП стандардите.

Related Posts with Thumbnails