wordpress counter

Отворен вистински Хобит бар на Нов Зеланд

Би сакале ли на пијачка со некој од Хобитите? Ова идеја изгледаше смешно пред само неколку месеци, но од пред некој ден е можност која едноставно не се пропушта.

На Нов Зеланд е отворен паб кој е инспириран од серијалите „Господар на прстените“ и „Хобит“. Имено, овој паб е место кое на фановите им нуди пијалак, местo за дружење и место каде може да си ги одморат нивните влакнести стапала.

Создавањето на „Green Dragon Pub“ го водеше арт директорот и проект менаџерот Брајан Мејси. На градењето работеле 80 работници. Пабот се наоѓа во Хобитон, близу Матамата. Церемонијата на отворањето на пабот ја водеше лично премиерот на Нов Зеланд, Џон Ки.

Интересно е дека ова не е прва ваква атракција на Нов Зеланд која е посветена на овие две филмски франшизи. Минатиот месец, аеродромот во Велингтон беше преуреден за да може да се постави огромна реплика на гладниот Голум кој се насладува со риба. 

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Уред за готвење ориз „Zojirushi Micom“

Уредите за готвење ориз се навистина популарни во последно време. Нешто што некогаш беше само сад кој се вклучува со...

Close