wordpress counter

Отворена галерија посветена на маслиновото масло

Во Хрватска е отворена првата галерија посветена на маслиновото масло. Свеченото отворање беше со изложбата „Идентитет на маслиновото масло – комуникација и дизајн“.

Покрај постојаната галериска поставка, која опфаќа бројни предмети поврзани со овој продукт, во галеријата ќе се одржуваат изложби, дегустации и промоции. Ќе има и едукативни програми за деца, возрасни и туристи. Во оваа галерија, посетителите можат да се запознаат со сите информации кои се однесуваат на овој тип на масло.

Кустосот на „Olive Oil Gallery“, Леополд Ботери, изјави: „Се надевам дека оваа галерија, која е плод на повеќегодишна соработка со галеријата „Ено“ и олеотеката „Ује“, ќе стане централно место за промоција на врвни хрватски маслинови масла и дека со овој чекор ќе се поттикне потрошувачката на еден од најздравите продукти на светот.“

Во Македонија веројатно уште долго, долго нема да имаме можност да уживаме во вакви гастрономски идеи. Начинот на кој ја третираме храната кај нас е целосно небулозен, особено ако се има предвид фактот дека тоа е една од работите со кои се гордееме пред светот. Ние имаме само еден совет: работа, а не зборување!

Related Posts with Thumbnails