wordpress counter

Овошна торта скара соседи

ПАВЛОВА ОВОШНА ТОРТААко мислевме дека нашиот спор со Грција е на врвот на списокот на спорови без логика, по оваа вест ќе треба да се замислиме. Имено, се појави судир помеѓу досега добрите соседи Австралија и Нов Зеланд. И тоа кулинарски судир, а во центарот се наоѓа десертот Pavlova, на кој двете земји ги полагаат своите права.

Австралија долго време смета дека овој десерт кој го добил своето име во чест на руската балерина Ана Павлова која двапати ја посетила земјата, е измислен во 1935 година од страна на готвачот Берт Саш во хотелот Еспланада. Меѓутоа, Хелен Лич од Отаго Универзитетот во Нов Зеланд најде нови докази кои велат дека десертот го има во стари готвачи од 1929 година и тоа со истите состојки и начин на приготвување како и денес.

Спорот дојде дури на ниво на владите, а новозеландскиот премиер Џон Ки ги нарече овие присвојувања на новозеландската традиција и култура од страна на Австралија, смешни и иритирачки. Не заборави да спомене дека Австралија освен овој десерт, веќе долго време се обидува да ги присвои и Фар Лап (непобедливиот тркачки коњ од триесеттите години на минатиот век) и Расел Кроу, кој на 4 годишна возраст се преселил со своето семејство во Австралија.

Инаку и двете страни продолжуваат со ниски удари. Австралиската ТВ ѕвезда Роув Мекманус го нарече Нов Зеланд: „малиот роднина кој доаѓа на забава со кратки панталони”, додека премиерот Џон Ки возврати: „ние секогаш ќе бидеме помалиот брат, но помал брат кој одлично игра рагби“.

Ќе биде интересно како ќе заврши спорот, освен ако не се оддолжи со години.

Related Posts with Thumbnails