wordpress counter

„Паметен месар“

Сите љубители на месо ќе можат да заборават на долгите редици во месарниците и ќе можат во секое време да си купат свежо месо. Имено, во Њујорк е поставен првиот автомат за месо. По автоматите за млеко, маслиново масло, вино, пица, на ред дојде и автоматот за месо. Овој автомат уште се нарекува и „паметниот месар“, а во него ги има на располагање сите видови на месо.

Автоматот нуди месо кое чини само 6 долари од парче, што е значително помалку отколку ако се решите да го купите во месарница. „Паметниот месар“ наплаќа во готовина, кредитна или дебитна картичка. За само еден месец, овој автомат стана мошне популарен и значително ја подигна продажбата на месо во Америка. Сега, преку него се продаваат од десет до дваесет парчиња месо дневно.

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=zizfzB9jKho[/youtube]

Засега постои само еден ваков автомат, но неговите креатори, бизнисмените Чес Еванс и Роб Харисон, најавиле дека планираат да ги постават низ цела Америка. Ако биде позитивно прифатен, може да го очекуваме и во другите делови на свтот, можеби и кај нас. Единствен проблем со кој што тие се соочуваат е постоењето на одедени здравствени прашања во врска со овој изум. Тоа е само дополнителен предизвик со кој тие сакаат да се соочат, со цел да ja усовршат оваа машина. Интересно е дека секој пат кога ќе биде продадено парче месо, Харисон добива порака на својот мобилен, а исто така го алармира и кога треба да ја дополни машината.

Related Posts with Thumbnails