- Гурман™ - http://gurman.mk -

Пчели vs мобилни телефони

Нова студија на швајцарскиот државен Институт за технологија донесува докази дека сигналите од мобилните телефони придонесуваат да се намали бројот на медоносни пчели.

Научниците утврдиле дека кога мобилните телефони се изгасени, на „stand by“ позиција или се вклучени во близина на кошници со пчели, ги наведуваат пчелите да испуштаат звуци како да се во опасност. Притоа, пчелите најмногу бучава произведувале кога се примал повик на мобилниот телефон.

Според научниците, резултатите од ова истражување се загрижувачки затоа што сѐ поголемиот број на корисници на мобилни можат да доведат до значајно намалување на бројот на медоносни пчели, а со тоа и до исчезнување на благотворниот нектар – медот.