wordpress counter

ПИЦАМАТ

ПИЦАМАТ

Италијанскиот (а од кое друго место кога е пица во прашање) изумител, сињоре Клаудио Торгеле, е творец на најновата направа, популарно наречена од нашиот технички уредник – пицамат. Пицаматот подготвува и пече свежа пица пред вашите очи. И тоа, во било кој дел од денот, за само 3 минути.

Она што е најважно – тоа не се замрзнати, картонски пици кои имаат вкус на мастика, туку вистински италијански пици. Од малото прозорче можете да следите како се меси брашното, му се дава форма и се додаваат кечапот и останатите состојки. Ова е особено интересно за дечињата, па еве лесен начин родителите да ги натераат да јадат оние деца кои постојано прават проблеми со јадењето. Според зборовите на изумителот, кој веќе има светска слава, ова не е само пицамат туку вистинска мини пицерија.

Универзитетот во Болоња беше домаќин на развојот на идејата на Торгеле, а излегувањето на пазарот на оваа направа беше потпомогнато и од компанијата Унилевер. За жал, засега само Италијаните можат да и се насладуваат на вака приготвената пица.

Но, појавата на пицаматот разви и остри полемики во Италија. Претседателот на Асоцијацијата на италијански пицерии, Пино Морели, смета дека оваа машина може да најде примена во странство, но не и во Италија каде мајките своите деца уште од бебиња ги хранат со пица.

Торгеле, пак, испрати контраудар. Тој вели дека кога сака да јаде одлична пица оди во пицерија, но ако сака нешто поефтино и побрзо – ќе погледне во прозорчето на пицаматот. Според анализите, овие машини одлично ќе бидат прифатени на универзитетските кампуси ширум светот, во што сме и ние сигурни. А, додека пристигне пицаматот и кај нас, погледнете во прозорчето со помош на YouTube:

Related Posts with Thumbnails