wordpress counter

Пицата го открива карактерот

ПИЦАТА ГО ОТКРИВА КАРАКТЕРОТ

Денес постојат стотици видови на пица кои одговараат на исто толку карактери на луѓето. Еден список на карактери според пицата кој не претендира да биде целосен, ги дели луѓето на следниве категории:

Традиционалист. Попознат како пица сноб. Овој лик сака пица каква што послужувале во Неапол во 1890 година. Печена на дрва со сос од домати, моцарела и свеж босилек и со завршница од маслиново масло.

Месождер. Не сака да слушне за пица без месо, а фефероните се неизоставен дел од додатоците.

Луд научник. Попознат како експериментатор. Сака да ја украси пицата со најоткачени работи кои му се на располагање, како што се путер од кикиритки, слатки производи или салата.

Фенси сирење тип. Секогаш инсистира на специјален тип на сирење, без оглед дали е козјо сирење или фонтина. Варијациите на овој карактер подразбираат и поклоници на ретки сорти печурки.

Капетан. Еден од поретките типови, кој секогаш сака морски плодови без огледа дали се харинги, школки, ракчиња или лосос. Контроверзен како и неговите пица желби.

Центар на внимание. Секогаш сака да комбинира чудни работи. На пример шунка со ананас. Неговата појава и желби ги дели луѓето на две категории: оние што се со него и оние кои се против него. Ќе го препознаете по реченицата: пробај – ќе ти се допадне.

Вегетаријанец. Познат и како: оној што јаде само здраво, без оглед дали е така или не. Не сака дури ни да сечат со нож со кој е сечено месо. Маслинки и печурките се неговиот свет.

Напишете ни во кој тип на пица карактер се препознавате.

Related Posts with Thumbnails